
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Инспекциските контроли на храната од почетокот на годинава ја надминаа бројката од 12 000 само во внатрешниот промет. Како небезбедни, досега се уништени околу 56 тони храна од животинско и неживотинско потекло. За утврдените недолесености се изречени 1 325 мерки од кои 260 парични казни и други казни како времени забрани за вршење дејност, а поднесени се и прекршочни пријави
АХВ го одбележа 7 Јуни - Светски ден на безбедна храна
Aгенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се приклучи и ја поддржува глобалната иницијатива и го одбележа 7 јуни, Светски ден на безбедна храна. Со едукативен и спортско рекреативен настан наменет за граѓаните и децата, денес, во паркот Авионче во скопската населба Ново Лисиче на присутните им беа поделени едукативни флаери за безбедноста на храната, а за најмалите се одржаа спортско-рекреативни игри